Блумберг: Расте фрустрацијата на САД од однесувањето на Израел во конфликтот со Хамас
Белата куќа е се пофрустрирана од однесувањето на Израел во војната против Хамас, бидејќи бројот на загинати цивили расте, а повиците на администрацијата не се слушаат, што го продлабочува јазот меѓу блиските сојузници, објави Блумберг.
Претставниците на администрацијата водат, како што опишуваат, исклучително тешки разговори со нивните израелски колеги, додека САД се обидуваат да го обликуваат конфликтот - но на крајот Израел ги игнорира, според неколку луѓе запознаени со разговорите кои побараа да не бидат идентификувани, наведува весникот.
Тие рекоа дека администрацијата ги засилила своите приватни пораки до Израел бидејќи нетрпеливоста расте.
Во исто време, администрацијата се уште ги исполнува барањата на Израел за оружје и досега не се закануваше со никакви последици врз својот клучен партнер во регионот.
Тензичните разговори ги истакнуваат ризиците од стратегијата на администрацијата на Бајден.
Израел ја засили својата кампања против Хамас и бројот на загинати цивили во Појасот Газа се искачи на повеќе од 11.000 луѓе, според Министерството за здравство на Газа под контрола на Хамас.
Администрацијата, исто така, се најде под зголемен притисок од арапските сојузници, кои тврдат дека „прегратката“ на администрацијата на Бајден му дала зелено светло на Нетанјаху да продолжи, наведува медиумот.
Во исто време, Нетанјаху досега ја отфрли загриженоста на САД за Американците кои остануваат заложници во Газа и стотиците Палестинско-Американци кои не можат да ја напуштат територијата, рекоа луѓе запознаени со ова прашање за весникот.
Ново на Сител
-
Царинска управа: Одземена дрога испратена во мала пратка и огнено оружје од скопјанец
-
Едно лице загина, две се повредени во сообраќајка што се случи вчера на автопатот Куманово-Скопје
-
Во руски напад врз областа Харков загинаа 11 лица
-
Герапетритис: Договорот од Преспа не се менува и не се ревидира еднострано
-
ЦУК: Пожарникари извлекувале човек паднат во река, вода од подруми, дворови, лифт
-
Најмногу дожд во Берово
-
Прегласување на седум избирачки места во петтата и шестата изборна единица во среда
-
Македонските одбојкари поразени и од Чешка во Европската златна лига