Бесплатна обука за прва помош во Гевгелија
Општинската организација на Црвениот крст од Гевгелија денеска ја одржа првата од предвидените три бесплатни обуки по прва помош во рамки на кампањата на македонскиот Црвен крст под мотото „Твоето незнаење чини живот“.
-Кампањата следува по направени анализи кои покажаа дека голем број граѓани,особено возачи,не знаат правилно да укажат прва помош во случај на сообраќајна несреќа и дека тоа доведува до компликации од повредите па дури и до смртни последици,велат од општинскиот Црвен крст во Гевгелија.
Покрај јулската, гевгелискиот Црвен крст во рамки на кампањата летово ќе организира уште две бесплатни обуки од кои првата на 15 август и втората на 10 септември.
Се предвидува со кампањата да бидат опфатени околу 8.000 возачи и многу граѓани од земјава кои до 15 септември ќе ги следат бесплатните обуки по прва помош во 33 општини.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата