Македонија
25. April 2024 - 11:41

Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ

Претседателот на партијата „Достоинство“, Стојанче Ангелов, се огласи на социјалните мрежи во врска со резултатите од првиот круг на претседателски избори.

- СЕГА ИЛИ НИКОГАШ!

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт.

Затоа е потребна општа мобилизација за уште посилна победа на коалицијата "Твоја Македонија" предводена од ВМРО ДПМНЕ.

Граѓаните ги отпишаа СДСМ, да запнеме сите заедно да ги отпишеме и ДУИ. Овојпат ДУИ мора да падне! Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата!, напиша Ангелов на Фејсбук.