-->
-->
Американските воени пилоти очајни: Кога војуваме со Русите не ги гледаме нивните ловци - но на нивната мака нема крај
-->
Американските воени пилоти, дури и оние кои управуваат со петтата генерација на F-22 Raptor, се фрустрирани бидејќи не можат да ги пронајдат и следат навремено руските Су-30 и Су-35 ловци во Сирија.
Еден од командантите на ескадрилата на воздухопловната база Ал-Дафра во Обединетите Арапски Емирати, за американскиот неделник "Авијација" изјави дека американските пилоти секогаш биле изненадени кога руските ловци се појавувале во воздушниот простор на Сирија.
Неименуваниот пилот објасни дека таквите "изненадувања" се случуваат бидејќи F-22 нема комплети сензори за откривање и идентификување на туѓи авиони под ноќни услови.
"Ние се обидуваме да воспоставиме врски со руски пилоти преку специјални канали, но тие не реагираат", се пожали претставникот на САД.
Пилотите на F-22 Raptor имаат уште еден проблем, тие немаат способност да имаат врска со командниот центар преку тактичкиот систем Link 16, туку тоа што го гледаат мораат да го известат преку токи-воки.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје