Александар бил жив кога го пронашле, во обид да го извлечат со јаже се откачил и паднал во стрмнината
Александар Миновски, планинарот кој загина со Калина Велеска на Кајмакчалан бил жив во моментот кога првите спасувачки екипи ги пронашле двајцата изгубени планинари. Ова го покажува барањето за обдукција на грчката полиција до кој дојде Телма.
Напишано е на 11 ти февруари, ден по несреќата односно истиот ден кога се извлечени телата. Но, во него пишува дека Солунската специјална единица за справување со катастрофи ги пронашла Калина и Александар во 22 часот во саботата на 10-ти февруари. Во него јасно пишува дека Александар бил жив и со јаже спасувачите се обиделе да го извлечат додека претпоставуваат дека Калина не била жива.
„Направен е обид за нивно извлекување – спасување, на горенаведениот маж со употреба на ремен, додека истиот се уште беше свесен, додека горенаведената почината не покажуваше знаци на живот ниту на чувствителност и веројатно беше веќе почината. Според соопштението на спасителот додека течело извлекувањето со ременот, истиот поради непозната причина се откачил од ременот и паднал по стрмната падина на уште поголема длабочина каде поради темнината и лошите временски услови (силен снег и силен ветер) кои во моментот преовладуваа таму, беше невозможно да се лоцираат“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден