Албанската полиција уништи над 8.000 стебла марихуана
Албанската полиција униши околу 8.000 стебла марихуана, високи од 60 до 160 сантимтери, јави дописникот на МИА од Тирана.
Припадниците на Полицискиот комесаријат од Скадар, во неколку села од Скадар, Пук и Голема Малесија, уништиле околу 6.000 стебла. Поголемиот дел од нив во селото Кафтал каде на 16 парцели уништиле околу 4.200 стебла, потоа во селото Шпот, 10 парцели со над 700 стебла, Васиај 11 парцели со над 800 стебла и Џај една парцела со над 210 стебла.
Сите искорнати стебла марихуна се уништени со палење.
Во акцијата на полицијата за уништување насади со мархуана, во атарот на селото Никол, во планискиот предел на Куртцај, кај Круја уништени се 27 парцели со над 2.000 стебла марихуна, со различна височина.
За нешто повеќе од два месеца,од кога почна широката операција за уништување на насади со марихуана, албанската полиција има уништено околу 45.000 стебла марихуана.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива