Живот
13. September 2018 - 13:51

Зомби ги окупираа британските градови, децата врескаат: Ужасни глетки на улиците полни со наркомани - зависноста од оваа дрога стана епидемија

Се повеќе зомби, како што жаргонски се нарекуваат луѓето под влијание на опасната дрога спајс, секојдневно може да се видат по улиците на градовите ширум Велика Британија, а експертите предупредуваат дека проблемот попримил размери на епидемија.

Луѓето во едвај свесна состојба се тетерават по улиците, при што прават движења налик на зомби од хорор филмовите, се се почеста глетка без оглед дали е ден или ноќ, така што полицијата и лекарските служби оформија специјални тимови за од улиците да ги собираат наркоманите.

Оваа многу опасна синтетичка дрога која се пуши, може да се купи многу евтино, за 5 фунти кесичка, што е и една од причините за вакви шокантни сцени налик на опседнати од ѓаволот.

Исто така, затоа што е евтина дрога, на него брзо се навлекуваат, па спајсот е одговорен за хаосот што настанува во затворите како и за големиот притисок врз итните служби.

„Неодамна првите два часа од смената ги потрошив само на луѓе што пушат спајс во некоја зомби држава. Тие тоа го користат како ескапизам, начин да побегнат од животот и реалноста“, рече припадник на специјалниот тим од Лидс.

Еден од градовите кои се целосно уништени од спајсот (зачин) е Донкастер на југот на Јоркшир, кој веќе доби и прекар Спајскастер (буре со зачин).

Сопственичката на продавница Зара Елиот (31) вели дека целиот крај станал ужасен и застрашувачки.

„Навистина е хорор. Го гледам тоа секој ден. Видов човек кому пена му излегуваше од уста. Изгледаше опседнат од зли сили и викаше некои глупости. Покрај него поминуваше мајка со две мали деца и едното од нив почна да плаче и да вика: „Мамо, мамо, дали е ова монструм?. Потоа го видовме како паѓа и се удира од земја и ми ги растера купувачите. За жал ѓивема над продавницата, така што немам каде да побегнам“, рече таа.

Експертите тврдат дека епидемијата од користење на оваа опасна дрога се шири низ земјата. Се се почести сликите од Манчестер, Ливерпул и Блекпул на кои се гледаат корисниците на спајс како безживотно лежат на улица со исповратена облека. Со голема брзина, овие застрашувачки глетки се раширија низ вела Британија, а на голема жал и во во училиштата.