ЗНМ го осудува насилството врз новинарите на синоќешните протести
Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) остро го осудува полициско насилство против новинар и тројца фоторепортери на вчерашниот протест пред канцелариите на претседателот Ѓорге Иванов во Скопје.
- Нападот врз новинарот Горан Наумовски од порталот „Плусинфо“ и четворица фоторепортери, Огнен Теофиловски од „Вест“, Наќе Батев од „Вечер“ и Борче Поповски од „Слободен печат“ и Томе Георгиев од „Фокус“, е напад врз сите новинари и слободата на медиумите. Професионалните апарати и објективи јасно ги идентификуваат фоторепортерите како новинари на задача, се вели во соопштението од ЗНМ.
Нападот врз нив, како што се наведува, е со намера да ги спречи нив да фотографираат кога полицијата интервенира против демонстрантите.
- Со насилство против новинари полицијата сака да сокрие од јавноста користење на неселективна и прекумерна сила врз граѓаните. Со тоа полицијата свесно се стави во улога на цензор и да одлучува што смее да се информира од протестот, стои во соопштението.
Од ЗНМ бараат од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски веднаш да ги идентификува насилните полицајци и најостро да ги казни.
- Досега МВР нема расветлено ниту еден случај на насилство против новинари на протести. Ваквото непрофесионално однесување повеќе не може да биде случајност. Полицијата свесно ги прикрива насилниците и делува како да е надвор од цивилна контрола, се вели во соопштението од ЗНМ.
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава