ЖУРНАЛ СО БОМБА ОД ДИВО НАСЕЉЕ: Необјавена фотографија од Зоран Заев во прегратката на терористот Беким Алиу

Човекот кој со две раце ја прифати албанската платформа смислувана во Тирана само за по секоја цена да дојде на власт не може да го сокрие своето вистинско лице. Откако веќе во своето интервју во Алсат М порача дека не му доликува да биде патриот, во минатото тој и на дело го покажа тоа.

Фотографијата на лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев во прегратка со Беким Алиу докажува дека тој ги бодрел и подржувал терористите – тврди „Пулс 24“. Според нив истиот тој Беким Алиу постојано објавувал статуси на „Фејсбук“ откривајќи ги позициите на македонските полицајци во Диво Насеље во Куманово каде што 26 часа се водеше борба.

„Сега моментално се собрани кај „Голд хипермаркет“ околу 50 луѓе од специјалната единица…“ – напишал Алиу на својот профил на „Фејсбук“.
Во саботата околу 8 часот и 25 минути тој ги пофалил мажите што пет часа војувале со македонската полиција.

Место да се слика и прегрнува со Беким Алиу и да се фотграфира со луѓе што не ѝ посакуваат добро на Македонија, зошто Заев не отиде да му даде поддршка на детето што објави трогателна порака на „Фејсбук“ по загубата на својот татко во борбата во Куманово – пишува „Пулс24“.
Ново на Сител
-

Партиски конгрес на ДУИ - Ахмети реизбран за претседател
-

Родителите на починатите во „Пулс“ бараат проширување на истрагата
-

Тема на денот со Тамара Котеска, режисерка на „Приказната за Силјан“
-

Пиротехниката не е забава, СВР Струмица и Црвениот крст апелираат за безбедни празници
-

Конгрес на ДУИ
-

Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство
-

Обвинение за пратеникот Јанчев кој учествуваше во сообраќајка во која загина тинејџер
-

Во Скопје не се дише, на Детска клиника по пет регистрирани случаи на грип неделно
