Жител на Калишта бесправно градел и узурпирал дел од Охридското Езеро
- Криминалистичката полиција од Струга поднесе кривична пријава против С.Р (45) од струшкото село Калишта поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.
СВР Охрид соопшти дека во текот на 2017 година пријавениот како инвеститор на сопствена локација во место викано „Село“ атар на Калишта, без одобрение, на површина од 2.000 метри квадратни изградил автокамп узурпирајќи и дел од Охридско Езеро.
- Пријавениот ја оградил парцелата од западна и дел од северна страна со метални столпчиња и мрежа. Од извршениот инспекциски надзор од страна на градежен инспектор при Општина Струга составен е записник и донесено е решение со кое му се наредува да ја отстрани градбата, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Ново на Сител
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера
-
Во Кочани одбележана 119-годишнината од загинувањето на Никола Карев
-
Сончево со мала до умерена облачност, следува период на релативно топло време
-
Саливан: САД засега немаат системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ кои би можеле да ги испратат во Украина
-
Земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтеровата скала го погоди југозападниот дел на Јапонија
-
Промовирана новата генерација полициски службеници
-
Претрес во Штип, пронајдена дрога