Жестоки критики во Србија поради предизборен спот на Вучиќ во кој се појавува малолетно девојче

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на својот профил на Инстаграм објави ново предизборно видео, поради кое навлече жестоки критики затоа што во видеото се појавува девојче.
Опозицијата дури побара реакција од надлежните институции и забрана за емитување на спотот.
Во видеото, Вучиќ и девојчето зборуваат за патишта, градинки и училишта, но и за заминувањето на српските граѓани во странство.
Претседателот на Србија го прашува малолетното дете за нејзиниот татко кој работи во странство и раскажува за негови планови.
Партијата за слобода и правда (ССА) побара од Регулаторниот орган за електронски медиуми (РЕМ) да го забрани емитувањето на новото видео, нагласувајќии дека Вучиќ шокантно злоупотребува малолетно дете во политички цели, со што ги стави сите деца во Србија во позиција да станат негови медиумски жртви.
Движењето „Еден од пет милиони“ бара и забрана за емитување на спотот, оценувајќи дека таквото „брутална злоупотреба“ на деца во политички цели е карактеристично само за „диктаторските режими и дека е невидено во поновата историја“.
Вучиќ најави дека ќе го повлече видеото доколку надлежните органи така одлучат.
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
