Жерновски ги прими копиите од акредитивните писма на новата португалска амбасадорка во земјава
Заменикот министер за надворешни работи, Андреј Жерновски, денеска ги прими копиите од акредитивните писма на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Португалија во Република Македонија, со седиште во Белград, Марија Виржиња Мендес да Силва Пина.
Како што соопшти МНР, при тоа било нагласено задоволство од досегашниот развој на билатералните односи меѓу двете држави и истакната подготвеност за натамошно зацврстување на пријателските врски, како и искористување на потенцијалот за интензивирање на соработката.
Жерновски се заблагодари на поддршката на Португалија во однос на нашите евроатлантски аспирации, конкретно изразени преку ратификацијата на Протоколот за НАТО, како и поддршката за што поскоро започнување на преговорите со ЕУ.
– Македонските граѓани никогаш нема да ја заборават поддршката на официјален Лисабон. Ние не сме само пријатели, туку наскоро и сојузници во НАТО и во ЕУ, нагласил Жерновски.
Во овој контекст тој и посакал успешна мисија на новиот португалски амбасадор, изразувајќи уверување дека со своето дипломатско искуство и личен ангажман ќе даде значаен придонес во продлабочувањето на односите и доближувањето на двете земји.
Уверувајќи дека официјален Лисабон ќе продолжи да ја поддржува Македонија на европскиот и евроатланскиот интегративен пат, амбасадорката Силва Пина искажала подготвеност да продолжи со градење меѓусебни блиски релации преку континуирано зајакнување на соработката во сите сфери од заеднички интерес.
Соговорниците размениле мислења и за перспективите на процесот на проширување на Европската Унија, како и следните чекори во насока на отворање на пристапни преговори со нашата земја што е можно поскоро.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-
Годинава се очекуваат околу 24 милиони килограми тутун, неизвесно дали и сега ќе се откупува само во прва класа
-
Извештајот за Македонија утре на втор обид за гласање, Вајц не сака да го коментира исходот предвреме
-
Ново поскапување на дизелот, за една недела поскапе за 7 денари
-
Синдикатот на Клинички против решението на Алиу дел од вработените на клиниките да паркираат надвор од кампусот „Мајка Тереза”
-
СДСМ обвинува за блокада
-
Вреди во Струга со независен кандидат, ДУИ се уште договара широка коалиција
-
Без дебата реформските закони за администрацијата го поминаа првиот собраниски филтер