Жерновски ги посети поплавените куќи во населбата Мало Курило на Водно

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски заедно со претставници од општината денеска ја посетија населбата Мало Курило на Водно каде имаше неколку поплавени куќи од саботното невреме.
Жителите, како што информира прес-службата на општината, изразиле задоволство од брзата реакција на надлежните кои интервенирале за санирање на штетите и испумпување на водата, како и за неодамнешното чистење на каналот.
Според жителите од оваа населба, доколку каналот не бил исчистен, постоела опасност да биде поплавена не само оваа населба, туку и населбите Капиштец и Козле.
При чистењето на каналот реализирано пред неколку месеци беа извадени над 30 тони ѓубре и шут.
Во текот на оваа недела се врши и проценка на штетите во домовите на граѓаните на Центар, а се санираат и штетите во ОУ „Кочо Рацин“, но, како што велат од општината, најголем дел од механизацијата и службите во моментот работат во најпогодените подрачја од поплавите и го поддржуваат Централниот кризен штаб за санирање на штетите.
- Сметам дека општината треба да се грижи за сите граѓани подеднакво. Предолго време овие далечни делови од Центар беа запоставени од општинските власти, но тоа го променивме. Се планираат нови проекти во оваа населба и целосно реконструирање на главната улица „Загрепска“, изјави градоначалникот Жерновски.
Ново на Сител
-

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово
-

Ангелов: Пожарот кај Макази најверојатно е подметнат, може да се прошири кон НП Пелистер
-

Андреј Смилевски со убедливи 3:0 избори финале на Светскиот куп во Будимпешта
-

Пепи Велков обезбеди финале, утре ќе се бори за злато против Украинецот Кобзиев
-

Уапсен 27-годишен тетовец, на жена и украл ташна со лични предмети на бензинска
-

Два гола на Халанд во триумфот на Сити над Кристал Палас
-

Ангелов: Бројот на пожари на отворен простор не стивнува, граѓаните да бидат исклучително внимателни
-

Турција инкасира над една милијарда долари од турските серии
