Зголемено рибокрадството во езерото Калиманци
Годинава рибочуварската служба од спортско-риболовно друштво „Шаран“ од Македонска Каменица одзела над 70 мрежи од рибокрадци кои незаконски ловеле риби со мрежи во езерото Калиманци.
За претстедателот на СРД „Шаран“ Горан Стоименовски, ова е сериозна бројка која имплицира дека е потребна поголема заштита на езерото и посериозен пристап од надлежните институции.
- Ние како рибиловно друштво кое ја има концесијата на езерото Калиманци веќе 4 години, алармираме дека има пораст на рибокрадството. Ние како концесионери преземаме мерки за негова заштита, имаме еден редовно вработен и двајца ангажирани од агенција за обезбедување. За жал, не можеме да ги промениме навиките кај поедици. Се лови со мрежи што е надвор од нашите претстави за спортски риболов, гранка која сакаме да ја развиваме и да ги донесеме рибарите од сите краеви на нашето езеро. Јас апелирам до државните органи да бидат поажурни, а казните за овој вид прекршок да бидат посериозни, за да има ефект нашата работа, порибувањето кое го реализираме по однапред определена програма, рече Стоименовски.
Викендов беше реализирано планираното годишно порибување на езерото Калиманци, при што во водите на езерото беа пуштени осум илјади парчиња крап. Средствата во износ од 150 илјади денари ги обезбеди Општина Македонска Каменица.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг