Зголемен прометот во индустријата
Прометот во индустријата во септември годинава е за 14,8 отсто поголем во споредба со истиот месец лани.
Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот во индустријата остварен на домашниот пазар бележи опаѓање од 0,6 отсто, а прометот остварен на странски пазари има пораст од 19,6 проценти.
Во секторот Рударство и вадење на камен има опаѓање од 6,8 отсто, а секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 15,8 проценти.
Пораст од 29,4 отсто е забележан и кај Интермедијарни производи, освен енергија, Капитални производи за 13 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,8 отсто, додека опаѓање има кај Енергија за 61,6 проценти и Трајни производи за широка потрошувачка за 3,9 отсто.
Прометот во индустријата во септември годинава, пак во однос на август 2015 година е зголемен за 17,1 отсто, додека во периодот јануари-септември 2015 година, во однос на истиот период од 2014 година е поголем за 9,2 отсто.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи