Зголемен бројот на туристи во мај за 7,4 проценти

Бројот на туристи во мај е зголемен за 7,4 проценти во споредба со тој месец минатата година, а бројот на ноќевањата е намален за 0,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика.
Податоците покажуваат дека во мај во Македонија се регистрирани 82.084 туристи, а бројот на ноќевањата изнесува 170.943.
Зголемување за 12,6 проценти има кај странските туристи, како и кај бројот на нивните ноќевања кои се зголемени за 5,8 отсто. Бројот на домашните туристи е намален за 2,8 проценти, а намалување за 9,2 проценти има и кај бројот на ноќевањата.
Зголемување на бројот на туристи и на ноќевања има и во периодот јануари - мај во однос на истиот период лани. За 17 проценти е зголемен бројот на странските туристи, а за 6 отсто намален бројот на домашните туристи. Кај ноќевањата за 10,6 проценти се зголемени ноќевањата на странските туристи, а за 9,9 проценти намалени кај домашните туристи.
Ново на Сител
-

Од утре почнува да сообраќа „Градскиот воз“ на релацијата Зелениково-Скопје
-

29-години од смртта на принцезата Дијана
-

Возачот на ЈСП кој спречи пожарот од автобусот да се прошири во парк-шумата Водно ќе биде награден
-

Три бесплатни концерти за четири дена во Скопје, финалето со Дејвид Гета за 35 години независност
-

Родители во Ресен со дрвен предмет ја тепале својата 15-годишна ќерка
-

Од мотор во движење пукано кон „ауди“ кое го возел 34-годишен кумановец
-

Герасимовски: Учениците од четврто до деветто одделение во ООУ „Киро Глигоров“ привремено ќе следат онлајн настава
-

Фатен крадец во Државна болница, нападнал вработена која се обидела да го спречи
