Земјотрес ја погоди Хрватска, луѓето во паника: Се слушна татнење и се почна да се тресе, училиштата евакуирани
Земјотрес со јачина од 4 степени по Рихтер утрово ја погоди Славонија.
Епицентарот е на десет километри од Славонски Брод на длабочина од два километри.
Според моменталните информации поголеми штети немало, освен што предизвикал вознемиреност кај населението, пишува 24sata.hr.
Училиштата се евакуирани превентивно.
„Се слушна татнење и почнаа да се лулаат работите“, рече еден од граѓаните кои го почуствувале потресот.
Службата 112 е пренатрупана со повици, но се уште никој не јавил за штета или повреди, но голема е вознемиреноста меѓу граѓаните кои моментално бараат информации каде точно бил потресот. Некои се плашат зошто не знаат дали ова бил поголем потрес или е претходница на уште посилен.
„Тресеша во два брана. Првиот беше силен, вториот малку послаб, но силно се почувствува и слушна“, рече жителка на Славонски Брод.
Ново на Сител
-
„Охрид трчаТ“ по деветти пат
-
СДСМ: 150 дивоградби во Чаир - урбаната мафија хара
-
Партиите со мeѓусебни обвинувања за трагедиите во модуларната болница и дискотеката “Пулс”
-
Почна полагањето на државната матура – 15.000 ученици на жешките столчиња
-
Отворен ден на штипските средни училишта
-
Мирен марш за поддршка на Епископот Партениј
-
МПЦ-ОА одбележа 1700 години од првиот собор во Никеја
-
Бања од римски период откриена во приватен двор во струмичко Баница