Зеленски во Берлин на средба со германскиот канцелар Мерц
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска се очекува да пристигне во Берлин на средба со новиот германски канцелар Фридрих Мерц, пренесе ДПА.
Двајцата лидери планираат да разговараат за можни чекори кон понатамошни „технички“ разговори меѓу Украина и Русија, јави „Шпигел“.
Посетата сè уште не е официјално потврдена ниту од Киев, ниту од Берлин. Патувањата на Зеленски често не се соопштуваат однапред поради безбедносни причини.
Во меѓувреме, берлинската полиција најави опсежни безбедносни мерки и ограничувања на сообраќајот поради посета на висок државен гостин.
Ова патување би било прва посета на Зеленски на германскиот главен град откако Мерц ја презеде функцијата. Украинскиот претседател последен пат го посети Берлин во октомври 2024 година.
Мерц отпатува за Киев на почетокот на мај со британскиот премиер Кир Стармер, францускиот претседател Емануел Макрон и полскиот премиер Доналд Туск.
Ново на Сител
-
Полициска акција во Арачиново - Приведено едно лице за изнуда од 165 000 евра
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
Невреме со град во Скопје и низ државата
-
Политичките партии со осуда за ксенофобијата на трибини во Куманово, но и со меѓусебни обвинувања
-
Меџити и Лимани остануваат министри и во кампањата - Гаши неделава ќе распише избори
-
Независните почнаа со собирање потписи
-
Утре ќе биде распишан огласот за нов претседател на Антикорупциска
-
Владата повторно ќе воведе „Училишната кошничка“ за да не поскапи цел прибор пред први септември