Тројца убиени во руски напад во регионот Запорожје, вели регионалниот гувернер

Руски напад уби три лица во регионот Запорожје во југоисточна Украина вчера, изјави регионалниот гувернер Иван Федоров, додека силите на Москва го продолжија своето бавно напредување по линијата на фронтот од 1.000 километри.
Федоров напиша на Телеграм дека трите лица се убиени во напад врз градот Степногирск. Уништени се и приватни домови.
Воен портпарол изјави во саботата дека украинските војници ги држат своите позиции во градот Камјанске, неколку километри јужно од Степногирск, и покрај руските обиди да ја преземат контролата врз градот.
Изјавата на Федоров дојде по извештаите во последните денови за нови руски офанзиви во источна и југоисточна Украина.
Началникот на украинската армија, Олександр Сирски, рече дека руските сили ја менуваат својата тактика, користејќи помали диверзантски единици во обид да го продолжат своето напредување во регионот Донецк.
Руските сили ја фокусираа својата офанзива на делови од регионот Донецк, особено околу логистичкиот центар Покровск, кој со месеци е под руски напад.
Руското Министерство за одбрана во четвртокот соопшти дека неговите сили постигнале значителен успех, освојувајќи го градот Часов Јар по месеци борби, иако Украина не ја потврди таа информација. Руското Министерство за одбрана во саботата соопшти дека ја презело контролата врз друго село, во близина на Покровск.
Денис Пушилин, командантот назначен од Русија на силите во регионот Донецк под контрола на Москва, во видео објавено на интернет доцна во саботата рече дека освојувањето на градот Часов Јар, кој се наоѓа на голема надморска височина, ќе им овозможи на руските сили да постигнат понатамошни придобивки.
Сирски напиша на Фејсбук во саботата дека неговите сили водат најжестоки битки околу Покровск и во два други сектори.
-Во исто време, Русите прибегнуваат кон тактиката на „тотална инфилтрација“ со зголемена саботажа зад наш грб, напиша тој. „Вака се обидуваат да се пробијат во Покровск“, додаде Сирски.
Тој рече дека украинските сили создале „резерви за контрасаботажа, чија задача е да откриваат и уништуваат непријателски извидувачки и саботажни групи“.
МИА
Ново на Сител
-

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028
-

ГП Евзони (Богородица) затворен за сообраќај на сите видови возила
-

Лавров тврди дека Украинците ја нападнале резиденцијата на Путин, Зеленски негира
-

Во БиХ усвоена одлука за легализација на канабисот за медицински цели
-

Македонска Каменица прогласи тридневна жалост поради смртта на сограѓанка
-

Таткото на прегазената Теодора: Барам иста правда за сите, зарем животот на мојата ќерка вредеше само 2 години?
-

Повисоки плати, нов концепт за матура, ѕид на срамот - Јаневска на брифинг со новинарите за плановите за 2026 година
-

Меморандум за претставување на Скопје како европски културен центар во 2028 година
