Зеленски: Русија веднаш да ги прекине нападите
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го осуди руското бомбардирање на Украина, во кое во текот на ноќта во Киев загинаа најмалку девет лица, и притоа ја повика Русија „веднаш да ги запре“ нападите.
„Поминаа 44 дена откако Украина се согласи на целосен прекин на огнот и прекин на воздушните напади… И поминаа 44 дена откако Русија продолжува да го убива нашиот народ“, изјави украинскиот лидер на мрежата X.
Тој додаде дека „воздушните напади мора веднаш и безусловно да се прекинат“.
Зеленски рече дека ја прекинува посетата на Јужна Африка и се враќа дома откако Русија го нападна Киев.
Русија синоќа истрела 70 проектили и 145 беспилотни летала врз шест региони на Украина, соопшти украинското воздухопловство.
Воздухопловните сили „откриле и следеле 215 непријателски воздушни цели“, од кои 112 биле уништени, се наведува во соопштението на Телеграм.
Ново на Сител
-
Уапсен 34-годишен Македонец, откако учествувал во страшна сообраќајна несреќа во Грција
-
Лавров: Западот никогаш нема да може да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија
-
Посебен режим на сообраќај утре и задутре во Скопје поради одржување на средба на лидерите од Западен Балкан
-
Приведен 69-годишен возач од Делчево, управувал возило со 2,41 промили алкохол во крвта
-
Сиљановска-Давкова ќе учествува на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот во Севиља
-
Илјадници Бугари протестираа против воведувањето на еврото во земјата
-
Десетици приведени, повредени полицајци и граѓани по протестите во Белград
-
Земјотрес утрово почувствуван во Валандово и околината