Зеленски: Русија нема намера да ја заврши оваа војна

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека Русија нема намера да ја заврши војната и дека Киев се подготвува за понатамошни напади.
Зеленски ги даде овие коментари додека прекинот на огнот, постигнат со посредство на САД, поврзан со 81-годишнината од победата на Русија над нацистичка Германија, се ближи кон крајот.
„Денеска немаше молк на линијата на фронтот. Русија нема намера да ја заврши оваа војна и, за жал, се подготвуваме за нови напади“, рече Зеленски во своето редовно вечерно видео обраќање до нацијата.
Двете страни објавија дека се борат по должината на нивната долга фронтовска линија и покрај прекинот на огнот, а секоја од нив се обвини за напади со беспилотни летала и артилериски напади.
Украина и Русија во петокот се согласија за прекин на огнот од 9 до 11 мај како дел од американскиот притисок за мир по повеќе од четири години војна предизвикана од руската инвазија во 2022 година. Трамп во петокот изјави дека се надева дека прекинот на огнот ќе биде продолжен, но веќе во неделата имаше знаци на тензии.
По одбележувањето на Денот на победата, во саботата, Путин изјави дека смета оти војната завршува. Тој рече дека би бил спремен да преговара за нови безбедносни аранжмани за Европа, со поранешниот германски канцелар Герхард Шредер како негов претпочитан партнер.
Но, европските министри за надворешни работи, кои вчера се состанаа во Брисел, го отфрлија предлогот на Путин за Шредер бидејќи тој работел за руски државни компании и негувал блиски односи со Путин.
МИА
Ново на Сител
-

Решение за превозниците е склучување билатерални договори
-

Трет состанок на министрите за животна средина од Западен Балкан за Зелената агенда
-

Стомачни вируси се уште ги “мачат” децата поради високите темперaтури
-

Започна штипската „Пастрмајлијада 2026“
-

Артан Груби и Перпарим Барјами прв пат заедно во судница – продолжува судењето за Лотарија
-

Во Прилеп одбележани 84 години од Дабничкиот масакр кога бугарскиот фашистички окупатор уби 18-мина кај с. Дабница
-

Младите недоволно се интересираат за сопствената историја
-

Преглед на вестите од светот
