Фон дер Лајен: ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Украина

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, синоќа изјави дека Европската Унија ќе продолжи да ја поддржува Украина и дека за тоа телефонски разговарала со украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
„Русија немилосрдно го гаѓа Киев, обидувајќи се да го оневозможи секојдневниот живот на неговите жители. Стоиме со нив. И со сите Украинци. Утре ќе ѝ исплатиме на Украина уште 3,3 милијарди евра за набавка на ракети и дронови“, изјави Фон дер Лајен во соопштение објавено синоќа на интернет-страницата на Европската комисија.
Таа рече дека минатата недела е одобрено финансирање од ЕУ за системи „Патриот“, преку Заемот за поддршка на Украина, кој за оваа и за наредната година изнесува 90 милијарди евра, но и дека „очигледно е потребно повеќе“.
Фон дер Лајен додаде дека ЕУ е подготвена да ги искористи преостанатите средства од програмата Безбедносна акција за Европа (САФЕ) за започнување нова програма за заеднички одбранбени проекти на ЕУ и Украина.
МИА
Ново на Сител
-

СЗО: До 2030 година светот ќе се соочи со глобален недостиг на медицински работници
-

Ѓорѓиевски: По три децении лажни ветувања, денес Горно Оризари, конечно, добива достојни услови за живеење
-

Дедо го истепал внукот во Крива Паланка, потоа бил нападнат од сопствениот син
-

Мајка во банка во Центар агресивно се однесувала кон својата 22-годишна ќерка
-

67-годишен охриѓанец починал на лице место откако паднал со мопед
-

Нова вонредна дератизација во понеделник во општина Центар
-

Перпарим Бајрами не се чувствува виновен за случајот „Државна Лотарија“
-

ТАВ ја укина одлуката за ограничување од еден бесплатен влез по возило во 24 часа на Скопскиот аеродром
