Зеленски: Русија ја нападна Украина со 400 дронови и 40 ракети

Руските сили започнаа голем напад врз Украина во текот на ноќта, испукувајќи повеќе од 400 дронови и околу 40 ракети, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Главни цели на нападите беа енергетски објекти низ целата земја, објавуваат украинските медиуми.
Претседателот Зеленски објави детали за нападот на социјалната мрежа „X“.
„Главни цели беа енергетската мрежа, производствените капацитети и дистрибутивните трафостаници. Штети се регистрирани во регионите Волин, Ивано-Франкивск, Лвов и Ривнон. Во Ривно е оштетена станбена зграда“, рече тој.
„Во Ладижин, Виничка област, дронови ја погодија административната зграда на земјоделско училиште. Имаше напади и во областите Киев и Харков. Во некои региони, силите за воздушна одбрана сè уште дејствуваат“, додаде Зеленски, повикувајќи ги партнерите да обезбедат повеќе ракети за системите за воздушна одбрана.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп изјави дека не е загрижен за напади поддржани од Иран на американско тло
-

Ердоган повикува на завршување на војната во Иран пред да биде зафатен целиот регион
-

САД ги предупредија цивилите да ги избегнуваат пристаништата што ги користат иранските сили
-

Трамп изјавил за Аксиос дека војната ќе заврши „наскоро“
-

Мицкоски: Со претставниците на маркетите заклучивме дека треба да има фер цени на производите, не и ново зголемување
-

Намален бројот на работници во индустријата
-

Раст од 6,2 проценти на бројот на туристи во јануари
-

Десет пожари за десет дена во Крива Паланка
