Зеленски предлага 30-дневно, наместо 30-часовно примирје, како што објави Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина ќе го почитува велигденскиот прекин на огнот што претходно денеска го објави неговиот руски колега Владимир Путин, но само доколку Русија го стори истото. Тој во објава на платформата Х изрази желба прекинот на огнот да продолжи и по Велигден и во таа насока предложи 30-дневно примирје.
– Ако навистина дојде до целосен прекин на огнот, Украина предлага да се продолжи и по Велигден, 20 април. Тоа ќе ги открие вистинските намери на Русија – затоа што 30 часа се доволни за да се влезе во вестите, но не и за вистински мерки за градење доверба. Триесет дена може да му дадат шанса на мирот, вели Зеленски.
Посочува дека според извештаите на врховниот командант на украинските вооружени сили Олександр Сирски, руските офанзивни операции продолжуваат, а не стивнуваат ниту артилерските напади.
– Затоа, не им веруваме на зборовите на Москва. Премногу добро знаеме како Москва манипулира и подготвени сме на се, наведува Зеленски
Ново на Сител
-
Мицкоски: Размислуваме за данок за неженети и немажени
-
Филипче: Мицкоски е виновен што е исфрлен Македонскиот јазик од извештајот на ЕК
-
Перински: И да не бидам кандидат ќе вложам максимум да помогнам
-
Комората на Македонија-Турција донира 100 000 евра за реновирање на ДСУ „Наум Охридски“
-
Лилјана и Јован се невестата и зетот за годинашната Галичка Свадба
-
Дел од занаетите стануваат дефицитарни
-
Преглед на вестите од светот
-
Приведени двајца тинејџери кои извршиле обљуба врз две малолетни девојчиња