Зеленски: Поправката на нафтоводот „Дружба“ не може брзо да се заврши

Поправките на нафтоводот „Дружба“, кој пренесува руска нафта во Источна Европа, не можат брзо да се завршат и покрај барањата на Европската унија и протестите на Унгарија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Испораките на руска нафта за Унгарија и Словачка се прекинати од 27 јануари кога, според соопштението на Киев, во руски напад бил оштетен нафтоводот во западна Украина, додека Словачка и Унгарија ја обвинија Украина за прекинот на неговата работа. Зеленски изјави дека руските напади го уништиле цевководот кој преку територијата на Украина го поврзува црноморското пристаниште Одеса со нафтоводот „Дружба“.
– Ова не е нивни прв напад и тие продолжуваат да го гаѓаат енергетскиот сектор – изјави Зеленски.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за време на посетата на Киев во вторникот, по повод четвртата годишнина од руската инвазија, рече дека Европската унија бара од Украина да ги забрза поправките на нафтоводот „Дружба“. И покрај војната, Украина продолжи да транспортира руска нафта преку цевководи низ својата територија, иако го запре транзитот на руски гас на почетокот на минатата година. Унгарија го обвини Киев дека намерно го одложува повторното пуштање во работа на цевководот, кој е главна рута за испорака на руска нафта во Унгарија и Словачка уште од 1960-тите.
МИА
Ново на Сител
-

Земјотрес во Македонија – епицентарот кај Велес
-

Тешка сообраќајка кај село Робово - жена загина откако се судрила со камион
-

Шестмина вработени во фабрика во ТИРЗ-Штип се затруеле од храна
-

Бомба фрлена кон ресторан во тетовско - двајца повредени
-

„Safe City“ ги снимил: Донеле четирицикл со шлеп-служба и глумеле сообраќајка за пари од осигурување
-

Мицкоски: Она што го прави Левица за Изборниот законик е театар за нивниот мал број гласачи
-

Мицкоски: Се следи состојбата со цените на горивата, мерките остануваат на располагање
-

Украински дронови погодиле уште 12 руски танкери во Азовско Море
