Зеленски: Клучно е САД да не го извлечат Путин од политичката и економска изолација

Клучно е САД да не го извлечат рускиот претседател Владимир Путин од политичка и економска изолација, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во разговор за „Eurovision News“.
Потегот на Зеленски доаѓа откако Русија и Украина се согласија на делумен прекин на огнот со посредство на САД за нападите врз енергетската инфраструктура и непријателствата во Црното Море. Во замена, САД се согласија да го прошират рускиот пристап до глобалните пазари.
-Многу е важно Америка да не му помогне на Путин да излезе од оваа глобална изолација. Верувам дека тоа е опасно. Ова е еден од најопасните моменти, рече Зеленски.
Тој тврди дека Путин се надева дека „ќе остане на власт до својата смрт“, но и дека неговите амбиции не се ограничени само на Украина, туку може да доведат до „директна конфронтација со Западот“.
Зеленски ги повика САД и Европа да останат обединети во вршењето притисок врз Путин.
„Рускиот лидер се плаши од европско-американскиот сојуз и се надева дека ќе го подели. Путин се плаши и од сопствената смртност“, смета Зеленски.
„Тој наскоро ќе умре, тоа е факт и се ќе биде готово“, додаде тој, пренесува Киев Индипендент.
Во изјавата објавена по последната рунда разговори со руските претставници во Саудиска Арабија, САД ветија дека ќе ги ублажат некои економски ограничувања за Русија како дел од договорот за ограничен прекин на огнот.
Зеленски рече дека ограничениот прекин на огнот во Црното Море е „дефинитивно чекор кон завршување на војната“, но ја истакна посветеноста на Украина за неодреден прекин на непријателствата.
„Генерално, бевме подготвени за целосен прекин на огнот“, заклучи тој.
Ново на Сител
-

Осомничениот од Старо Нагоричане, прв сериски убиец на жени, поврзан со уште две убиства и два обиди
-

Најдобро место за преселба: Просечната месечна плата во Лихтенштајн е 8.249 евра
-

Убиство во Битола: Маж си ја уби 31-годишната сопруга
-

Македонскиот извоз на фудбалери меѓу Топ 50 во светски рамки
-

Во израелски напади врз Либан загинаа 22 лица, од кои осум деца
-

Повторно пожар на депонијата „Краста“ во кумановско
-

Француските обвинители бараат седум години затвор за Никола Саркози
-

Речиси 77 проценти од домаќинствата во ЕУ се без деца
