-->
-->
Зеленски ја продолжи вонредната состојба и мобилизацијата во Украина
-->
Со нов Указ на украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска за 90 дена е продолжена вонредната состојба и мобилизацијата во земјата, а важноста на одлуката е од 25 мај, јавува Би-Би-Си, а пренесува МИА.
Текстот на одлуката на Зеленски е испратен до украинскиот Парламент и мора да биде одобрен од најмалку половина од пратениците.
Вонредна состојба во Украина беше воведена на 24 февруари, на денот кога Русија изврши инвазија врз земјата.
Првичниот рок од 30 дена досега е двапати продолжуван.
Првиот Указ на украинскиот претседател за мобилизација беше донесен на 90 дена и се однесуваше на сите региони во земјата.
Украинскиот министер за одбрана, Олексеј Резников, минатата недела изрази надеж дека ќе се вооружат милион борци, додека земјата се подготвува за „нова, долга фаза на војната“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Одблокиран процесот за лиценци кои се неопходни за работа во градинка
-
Онколошки амбулантски терапии ќе се аплицираат во Штипска Клиничка
-
Еразмус плус тема за партиски препукувања
-
Трето издание на „Ohrid Water Festival“
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: 24 години по рамковниот – заедно сме посилни
-
Активни три пожари на отворено во Македонија
-
Со новата методологија за финансирање на основното и средното образование