Стејт департментот го осуди влошувањето на човековите права во Европа

САД го осудуваат „влошувањето“ на човековите права во голем број европски земји, особено поради наводните ограничувања на слободата на изразување, се наведува во новиот годишен извештај на Стејт департментот објавен вчера.
Стејт департментот верува дека „ситуацијата со човековите права“ во текот на 2024 година се влошила во Германија, Велика Британија и Франција, се наведува во извештајот што ги одразува новите приоритети на американска надворешна политика под претседателот Доналд Трамп.
Во делот за Франција извештајот за состојбата со човековите права зборува за „веродостојни информации што укажуваат на сериозни ограничувања на слободата на изразување“. Стејт департментот, исто така, го осудува порастот на антисемитизмот во Франција, објавија француските меидуми.
Вашингтон го критикува новиот закон за интернет безбедност во Велика Британија. Целта на оваа мерка е подобра заштита на децата, но наиде на бројни критики на платформата X на Илон Маск.
Висок американски функционер минатата недела изјави, под услов да остане анонимен, дека американската Влада планира да одржи „отворени дискусии со партнерите и сојузниците“ за тоа што Вашингтон го нарекува „цензура или неповолност на одредени гласови“, без разлика дали се политички или религиозни.
Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс алудираше на оваа димензија на надворешната политика на новата влада уште во февруари, кога, во говорот на Минхенската безбедносна конференција, предупреди за наводни закани за слободата на говорот во Европа.
Годишниот извештај на Стејт департментот обично се објавува напролет и покажува како САД ја гледаат состојбата со човековите права во светот. Но, годинашниот извештај беше делумно напишан за време на претходната демократска администрација на Џо Бајден, што го поттикна одделот да го измени и реструктуира за да ги одрази приоритетите на администрацијата на Трамп.
Ново на Сител
-

Три сообраќајки на автопатот Тетово – Гостивар
-

Снег на Попова Шапка, задолжителна зимска опрема за возилата
-

Полиција потврди дека крадците испразниле 3.000 сефови од трезорот на Шпаркасе банка во Гелзенкирхен
-

Во Норвешка речиси сите нови автомобили во 2025. беа електрични
-

Двајца загинати откако возило заврши во Радика
-

Запалениот бар во Кран Монтана имал неколку излези за евакуација, но гостите не ги нашле, тврди шефот на полицијата
-

Идентификувани 113 од 119-те повредени во пожарот во Кран-Монтана
-

Израел погодил десетина цели на Хезболах во јужен Либан
