Зеленски: Целосна истрага и отштета
Украина очекува целосна истрага и признавање на вината, како и отштета од Иран, поради соборување на украинскиот патнички авион, порача денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
– Иран се изјасни дека е виновен за соборувањето на украинскиот авион, но ние инсистираме на целосно признавање на вината, нагласи Зеленски во соопштение, откако иранската војска објави дека ненамерно го соборила леталото.
Тој истакна дека Украина очекува од Иран да се обврзе дека е подготвен да спроведе целосна и отворена истрага, виновниците да одговараат, да се вратат телата на загинатите, да исплати отштета и официјално да се извини по дипломатски пат.
Претходно денеска, Иран соопшти дека војската на таа земја „ненамерно го соборила“ украинскиот патнички авион, нагласувајќи дека станува збор за човечка грешка.
Ново на Сител
-
ОБСЕ: Утре ќе ги соопштиме заклучоците
-
Просечна излезност до 11 часот
-
Просечна излезност до 9 часот
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора