Зеленски: Цела Украина мора да биде слободна
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на некого може да му се чини дека по серијата победи на вооружените сили на Украина, дошло до одредено затишје, но нагласи дека тоа е подготовка, бидејќи, како што истакна, цела Украина мора да биде слободна.
Во синоќешното видео-обраќање тој соопшти дека украинските сили ги ослободиле Изјум, Балаклеја, Купјанск и Харковската област, но оти ќе бидат ослободени и Мариупол, Мелитопол и Херсон, како и другите делови на Украина, пренесува Укринформ.
– Можеби сега на некого од вас му се чини дека по серијата победи имаме некакво затишје. Но, тоа не е затишје. Тоа е подготовка за следната серија. За следната серија на многу важни зборови за сите нас, кои мора да се слушнат. Затоа што Украина мора цела да биде слободна, рече Зеленски.
Тој повтори дека Киев не само што ќе ги ослободи териториите што ги контролираше пред руската инвазија, туку и делови од Донбас и полуостровот Крим кои се под руска окупација од 2014 година.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка