Здружението „Цар Борис Трети“ избришано од Централниот регистар

Здружението на Бугари „Цар Борис Трети“ од Охрид денеска е избришан од Централниот регистар по службена должниост, откако на 30 март министерот за правда Кренар Лога го потпиша решението за неусогласеност на називот на овој клуб со измените на Законот за здруженија и фондации со кои се забрани да се користат називи со личности кои биле поврзни со фашизам, нацизам, геноцид, Третиот рајх итн.
Одлуката на министерот, пак, следеше откако Комисија за употреба на имиња на историски личности минатата недела даде негативно мислење со образложение дека именување на здружението со таков назив предизвикува тензии и нетолеранција во целото македонско општество.
Во образложението Комисијата за имиња наведе дека бугарскиот цар Борис Трети е одговорен за злосторства извршени за време на бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна, при што се ликвидирани стотици граѓани. Посебно е потенцирано мислењето дека неговата соработка и сојузништво со Третиот рајх и нагласената антисемитска политика се најдиректно одговорни и за депортацијата и екстерминацијата на илјадници Евреи од Македонија во логорот на смртта Треблинка.
Ново на Сител
-

Големиот пожар кај Струмица е ставен под контрола
-

Сиљановска-Давкова ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон
-

Ангелов: Ова е еден од најтешките денови, активни се над 15 пожари на отворен простор
-

Во гаснењето на пожарот кај Струмица се вклучи и еден ер трактор
-

Ѓорѓиевски: Запуштениот тревник на плоштад ,,Македонија” станува мала зелена оаза
-

СВР Скопје и ДЗС со превентивна акција за заштита од пожари во Чучер Сандево
-

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега
-

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти
