-->
-->
„Збркана сказна“ од Киро Донев објавена на украински јазик
-->
Издавачката куќа „Тврдина“ од Луцк – Украина, неодамна го објави романот за деца „Збркана сказна“ на македонскиот писател Киро Донев. Преводот на украински јазик е на Ана Багрјана, украинска писателка и преведувачка, која е и автор на цртежите во книгата.
„Збркана сказна“ првпат е објавена во 1986 година, откако е наградена на анонимен конкурс на „Детска радост“. Освен на украински јазик, оваа книга досега е преведена и објавена и на српски, турски и на бугарски јазик.
Истиот издавач од Украина претходно ја објави и книгата „Весел зоо парк“ на Киро Донев – и двете со поддршка на конкурсот за странски издавачи на Министерството за култура на Република Македонија.
До крајот на годинава „Тврдина“ од Луцк на украински ќе објави уште една книга на Киро Донев – романот за деца „Јамболија што лае“, исто така во превод на Ана Багрјана, која последниве години интензивно преведува дела од македонски автори на украински јазик.
Три преводи на книги на Киро Донев до крајот на 2016 година треба да бидат објавени и во Бугарија. Тоа се: „Приказни за годишните времиња“ (избор раскази), „Четириножните рицари“ и „Весел зоо парк“.
Инаку, Киро Донев (1942, Моноспитово, Струмичко) е автор на четириесетина книги за деца, пред сè прозни дела: романи, раскази, гатанки, повести, пиески и сликовници. Тој е еден од најпопуларните и најчитаните македонски автори за деца од помала возраст. За своето творештво е добитник и на неколку високи книжевни награди во Република Македонија. Негови дела се преведени на десетина јазици.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Најмалку девет лица загинаа во самоубиствен бомбашки напад во црква во Дамаск
-
Рубио: Светот е побезбеден по американските напади врз Иран
-
На Богородица и Табановце од македонска страна се чека околу еден час
-
Скопјанец ја повредил својата четиригодишна ќерка, предложен притвор
-
Израел го отвори воздушниот простор по американските напади врз Иран
-
11 наши државјани чекаат евакуација од Тел Авив, летовите ќе бидат обновени во зависност од безбедносната ситуација
-
Нетанјаху го поздрави Трамп за „храбрите напади“ врз иранските нуклеарни постројки
-
Две лица во Куманово го нападнале таксистот кој ги превезувал и не му платиле