Завршните зборови за предметот „Триста“ закажани за 16 мај

Со испитување на првообвинетиот Ѓоко Поповски, поранешен помошник-министер за внатрешни работи, денеска во Кривичниот суд продолжи судењето по предметот „Триста“ , во кој се суди за злоупотреба на службена должност во врска со јавна набавка на 300 возила за МВР.
Обвинетиот Поповски прво одговараше на прашања на одбраната, а потоа со вкрестено испрашување го презедоа и обвинителите од СЈО.
На крајот од денешното рочиште СЈО во предметот понуди и дополнителни докази - извештај за сопственост на телефонски броеви од Телеком.
Ново рочиште е закажано за 16 мај, кога треба да се даваат завршни зборови во предметот.
Поповски, според обвинението, се сомничи дека го оштетил буџетот за 453.570 евра. Според СЈО, тој незаконски доделил договори за купопродажба и одржување возила на „Порше Македонија“ ДООЕЛ Скопје, „Ка-Дис“ ДОО Скопје, „Бохемија Автомобили Роус“ ДООЕЛ Скопје, „Колевски“ ДОО Скопје и „Авто Куќа“ ДОО Скопје избрани како економски најповолни понуди.
Ново на Сител
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
