-->
-->
Завршни мечеви на првиот фјучрс во Скопје
-->
На тенискиот фјучрс турнир што се игра на терените на „Тенис парк“ во склоп на СЦ „Јане Сандански“ попладнево се играат завршните мечеви - полуфинале во сибгл и финале во двојки.
За Македонија најинтерсено е тоа што во финалето на двојки ќе настпи и најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски. Тој заедно со Александар Лазов од Бугарија ќе играат против тенисерите од Србија Данило Петровиќ и Небојша Периќ. Мечот е трет според програмата на теренот број 1 и нема да почен пред 18 часот.
Претходно од 15 часот се играат полуфиналните сингл мечеви: Данило Петровиќ (1,Србија) - Клаудио Фортуна (5, Италија) и Александар Милер (6, Франција) - Лени Хампел (8, Австрија).
Инаку, денеска старуваа и квалификациите на вториот фјучрс турнир и ќе настапат шест македонски тенисери само во квалификациите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кампања за заштита од пожари на Плоштад Македонија
-

Трамп го предупредил Нетанјаху дека Израел може да остане без американска поддршка
-

Евроамбасадорот Рокас во посета на Собранието
-

Сончево и топло
-

Десет милијарди евра во инфраструктурни капитални проекти во наредните 10 години: Владата најавува сериозен развоен потенцијал
-

Миленкоски задоволен од стартот на македонските одбојкари во Европската лига
-

И Израел и Иран се заканија со нови пожестоки напади ако не се почитува примирјето
-

УХМР: Пороен дожд, грмежи и засилен ветер во западните и југозападните делови од државава
