Завршна конференција за проектот „Жива историја-жива природа 2“

Општина Новаци и партнерската општина Алмопиа од Грција завршија со реализацијата на проектот „Жива историја-жива природа 2“ кој имаше за цел да ја зајакне соработката меѓу двете општини, да се промовираат и да се заштитат природното и културното наследство на оваа прекуграничната област.
Градоначалниците Лазар Котевски и Димитрос Бинос на конференцијата што синоќа заврши во општина Новаци најавија понатамошна соработка низ нови проекти кои ќе бидат финансирани од фондовите на ЕУ.
- Во рамки на проектот изградивме туристички патеки за велосипедизам, планинарење и крстосување со теренски возила, мобилна апликација за убавините на Мариово и на Новаци. Наскоро ќе почнеме со нов проект, односно во општината Алмопиа да ги поврзат топлите бањи во Лутраки со скијачкиот центар на Кајмакчалан, а нашата општина преку уредување на просторот од другата страна на планината да го потикне развојот на алтернативниот туризам, истакна градоначалникот Котевски.
Во првата фаза од проектот „Жива историја жива природа 1“ беше извршена санација на мостот во селото Зовиќ, црквата „Св. Димитрија“ во Градешница, како и куќата на Калеш Анѓа во Старавина. Исто така беа обележани патека на природните убавини, историското наследство и комбинација од двете, направена беше уметничка програма, дигитална изложба, изработени беа две дата бази на податоци, поставени клупи и знаци.
Проектот „Жива историја – жива природа 2“ е финансиран од Европската унија во рамки на Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција.
Ново на Сител
-

Охриѓанец му се заканувал со пиштол на сосед за паркинг место
-

Двајца малолетници тешко повредени откако се превртеле со четирицикл
-

Мицкоски: Илинден е трајна обврска да ја чуваме, развиваме и сакаме нашата татковина
-

Ангелов: Дваесетина помали пожари на отворен простор, најголем дел изгаснати
-

Двајца загинати и двајца спасени во судирот на хеликоптерите кои го гаснеа големиот пожар во Грција
-

Најтопло во Скопје, Велес и Демир Капија со 39 степени
-

Зголемена фреквенција на граничните премини Табановце и Богородица, сообраќајот се одвива непречено
-

Милошоски: Демографијата е нашата нова борба за Македонија
