-->
-->
Заврши Зимското првенство на Македонија во пливање
-->

Марко Блажевски (ПК Вардар) освои десет први места на Зимското првенство на Македонија и со тоа е најуспешниот натпреварувач на штотуку завршеното првенство. Кај сениорките најмногу први места освои Ева Барамачева – 4. Во младинска конкуренција Марко Бејатовиќ е најуспешниот со две победи, а кај девојките Ана Марија Дамјановска имаше четири (најуспешна вкупно во женска конкуренција со седум медали).
Во кадетска конкуренција Вивит Калац (ПК Бета) имаше шест први места, а Миа Крстевска (ПК Орион) кај девојчињата пет. Кај постарите пионери најдобар беше Антони Симоновски (ПК Орион) шест победи, а кај постарите пионерки Ана Марија Пејчиновска (ПК Делфин) со пет победи. Кај најмладите пионери Андреј Стојановски (ПК Бета) имаше осум победи, а кај пионерките Ева Петровска (ПК Делфин) исто така осум.
На последниот четврти дел од шампионатот беа поставени три рекорди во помладите катергории. Кадетски рекорд има Ана Јаневска (ПК Бета) на 50 пеперутка 30.16 секунди, Јана Милковска помлади пионерки (ПК Бета) 50 пеперутка – 36.40 секунди и на 800 слободно (во минување) Антонио Симоновски (ПК Орион) кај постари пионери на 400 слободно 4:24.75 минути.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

По децении дивоградби аеродромот во Охрид и МВР добија имотен лист
-

Обвинетиот Стојанче Јовановски прво призна вина, па се предомисли
-

Мицкоски во Унгарија
-

Тема на денот со Арбен Таравари, претседател на Алијанса за Албанците
-

Сител сторија: Спомен домот на Разловечкото востание конечно ќе види светли денови
-

Обвинетиот Стојанче Јовановски прво призна вина, па се предомисли
-

Убиство во Росоман, ја усмртил мајка си и се пријавил во полиција
-

Отфрлена претставката на обвинителката Ристоска, изјавите на премирот не биле притисок
