Заврши летниот камп по веронаука во Бигорската обител
Со деветтата и последна смена во Бигорскиот манастир и неговиот метох, манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ во дебарското село Рачица, заврши годинашниот летен камп по веронаука, кој беше во знакот на големиот јубилеј „1.000 години Охридска Архиепископија“. Последни манастирски гости беа деца од Струга.
- И оваа година нашите манастири беа место за наука и рекреација за повеќе од 400 деца од Скопје, Битола, Охрид, Струмица, Радовиш, Тетово, Прилеп, Кичево, Гостивар, Прилеп, Кочани, Гевгелија и првпат од Велес, Пробиштип и Струга кои беа распоредени во девет смени. Планирани беа осум, но поради големиот интерес кампот го продолживме со уште една смена, вели сестра Ефимија.
Сите тие, освен што присуствуваа на традиционалните часови по Веронаука поврзани со христијанската етика и воспитување, имаа можност, преку соодветен приказ за нивната возраст, да ги допрат и осознаат и најосновните историски лекции во врска со Охридската Архиепископија, а потоа низ песна да се запознаат и со убавината на византискиот мелос. Низ креативните работилници тие ја покажаа и нивната умешност и имагинација во цртањето на мотиви на тема „Охридската Архиепископија“.
Децата ги посетија и селата Гари, Битуше и Галичник, а една од групите мина прекрасни мигови и во Охрид.
- Ова беше новина во рамките на кампот, да се посетуваат славните мијачки села, бидејќи е исто така важна лекција, преку која децата можат одблиску да се запознаат со христијанската историја на овој значаен крај за нашиот народ, истакна сестра Ефимија.
Децата од седмата смена, пак, имаа чест да ја видат и испратат за Крушево коњаницата „Бигорски манастир-патот на црешовото топче“.
Најдрагоцен дар за дечињата и ова лето беше дружбата со монасите и монахињите и особено миговите поминати со игуменот на бигорскиот манастир, Анхимандрит Партениј.
Инаку, со негов благослов, ова беше седма година по ред како се одржува летен камп по веронаука, што во изминатите години го посетиле околу 2.400 деца.
Ново на Сител
-
Макрон: Путин не попушта, санкциите остануваат клучни
-
Амбасадата во Белград ја потврди информацијата за загинат македонски државјанин во сообраќајка
-
СДСМ реагира на најавата од владата
-
Истражна постапка против возачот на мотор кој го прегази Југослав Николовски
-
На граничните премини Богородица и Табановце се чека од 20 до 30 минути
-
Зеленски и Трамп се договорија за зајакнување на воздушната одбрана на Украина
-
Акцијата во која беа откриени шест килограми амфетамин е резултат на напорите на МВР во сузбивањето на трговијата со дрога, оцени Тошковски
-
МВР апелира граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки