Затворениците во Тајланд ќе имаат право да чуваат куче
– Тајландското Министерство за правда ќе им дозволи на затворениците во четири затвори во кралството да имаат домашни миленици. Пилот проектот има за цел да ја намали анксиозноста, депресијата и другото асоцијално однесување кај затворениците.
Ефективноста на терапијата со животни ќе се тестира во затворите Након Рачасима, Рајонг, Клонгфаи и Каобин, објави Бангкок пост.
„Се надеваме дека преку оваа иницијатива затворениците ќе можат психолошки да се подготват за нивното враќање во општеството по ослободувањето“, соопшти Министерството за правда.
.Министерот за правда Сомсак Тепсутин рече дека агенцијата со која тој раководи работи со здруженија на животни и засолништа за да најде кучиња за проектот. Во оваа фаза се уште не е јасно колку време затворениците ќе поминуваат со животните.
За секој затвореник на кој ќе му биде одобрено да учествува во проектот ќе биде избрано куче кое одговара на неговиот карактер и (или) темперамент. Затворениците ќе бидат советувани од ветеринарите како да се грижат за животните. Доколку биде успешна, иницијативата ќе се прошири и во другите затвори во земјата.
Заклучно со мај оваа година, во кралството има 310.800 затвореници кои отслужуваат казна во 143 затвори.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата