Затворени училишта во повеќе градови во Иран поради загадениот воздух
Иранските власти наредија денеска да бидат затворениа училиштата во Техеран и неколку градови во земјата поради загадувањето на воздухот што достигна ново опасно ниво.
Во Техеран, густ сив чад го обвиткува градот неколку дена и целосно ги сокри планините Алборз над иранската престолнина. Вчера, облак од загадување беше видлив на повеќе од 20 километри северно од градот.
Гувернерот на провинцијата Техеран, Мохамед Тагхизаде донесе одлука за затворање на училиштата во главниот град бидејќи загадувањето на воздухот достигна штетно ниво за ранливите луѓе, јави иранската новинска агенција Ирна.
– Сите училишта во покраината се затворени денеска, освен во два кантона и можат да останат затворени и утре, рече гувернерот.
Според мерењата на градската власт, концетрацијата на ситни честички (PM2.5) достигна 145 микрограми на метар кубен во просек во последните 24 часа, надминувајќи 165 микрограми во некои делови од Техеран.
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло