-->
-->
Затемнувањето на Месечината на облачното небо над Скопје
-->
Дождливото и облачното време не дозволија идеални услови за жителите на Скопје да ужуваат во набљудувањето на „крвавата месечина“ што синоќа траеше 1 час и 43 минути, додека луѓето од целиот свет го гледаа најдолгото затемнување на Месечината во овој век.
Илјадници луѓе имаа единствена можност да ја набљудуваат Месечината, која се затемни пред да блесне во портокалова и темноцрвена боја додека заоѓаше во Земјината сенка.
Целосното затемнување можеше да се види од Европа, Русија, Африка и Блискиот Исток, поголемиот дел од Азија и Австралија, иако во одделни места облаците ја покриваа Месечината.
Освен целосен мрак, луѓето од целиот свет набљудуваат уште еден феномен, односно момент кога Марс и Земјата се најблиску до нивните патеки.
Овој феномен, наречен „Крвава месечина“ или „Крвав спектакл“, ќе се повтори во 2123 година, така што тоа е единствена можност за набљудување, особено за професионалците од оваа област
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата