Застрашувачко: Венчаваат и деца од 10 години, над 200.000 малолетници стапиле во брак

Повеќе од 200.000 момчиња и девојчиња се венчале во Америка во изминативе 15 години. Меѓу нив има и деца од 10 години кои илегално стапиле во брак.
Во поголемиот дел од Америка не е дозволено да се склопи брак пред 18 години, но секоја сојузна држава има свои исклучоци доколку родителите дадат согласност за брак или ако дојде до бременост. Во тие случаи, на малолетниците под одредени услови им е дозволено да стапат во брак пред 18 години.
Гувернерот на Њу Џерси Крис Кристи во мај одби да го потпише законот со кој неговата држава требаше да стане прва, која без исклучоци, ќе им го забрани рбакот на малолетниците. Кристи рече дека таквиот закон би се судрил со религиските обичаи.
Според податоците на групата Анчејн ет ласт (Unchained At Last), која сака да забрани склопување на брак со деца, најмалку 207 илјади малолетници се венчале во Америка меѓу 2000 и 2015 година. Брак склопиле дури и две 10 -годишни девојчиња со момчиња на возраст околу 30 години, како и едно 11-годишно дете со девојка од 27 години. Оваа бројка е далеку поголема, со огледа на тоа дека десет држави одбија да дадат податоци за браковите на малолетниците.
Фрајди Рајс, основачка на групата Анчејнд ет ласт рекла дека „буквално се тресела“ кгоа почнала да ги собира податоците.
-Ме потресе фактот штп ома деца кои се венчале на 13 или помалку години, а најмногу има девојчиња кои се омажиле за мажи постари и од 30 година, рече Рајс.
Податоците говорат дека од вкупниот број венчани деца, над 80 отсто се девојчиња од 15 - 16 годишна возраст.
Ново на Сител
-

Почина италијанскиот моден креатор Валентино
-

Мицкоски од Давос: Ќе имаме бројни состаноци за нови инвестиции и подобрување на економската состојба
-

Македонската фудбалска репрезентација остана на 66. место на ФИФА рангирањето
-

Бугарскиот претседател Румен Радев објави дека утре ќе поднесе оставка
-

Датумот за вонредниот самит на ЕУ е потврден - 22 јануари
-

ЦИК на Косово: Се повторува пребројувањето на сите гласови од парламентарните избори одржани во декември лани
-

Македонците во Албанија го одбележаа Богојавление, во Пустец крстот го фати Данко Марко
-

Жител на Радичево починал откако паднал во шахта
