Засилени контроли во Скопје - летаа казни за несовесните возачи
Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 1 / 2. 03. 2019 година во периодот од 23.00 до 05.00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол. Од страна на полициски службеници контролирани се вкупно 121 возач, а кај 14 од нив утврдено е присуство на алкохол во крвта. Откриени се и 40 останати прекршоци за кои се издадени 33 мандатни платни налози и 7 прекршочни платни налози.
На 01/02. 03.2019 година во периодот од 22.00 до 05.00 часот беа преземени мерки за непрописно паркирани возила на улиците: Св.„Климент Охридски“, „Јордан Мијалков“, „Димитрија Чуповски“ и Кеј „13-ти Ноември“ и со специјално возило „пајак“ беа подигнати 20 патнички моторни возила.
Ново на Сител
-
Тешка сообраќајка на патот Дебар-Маврово, двајца повредени
-
Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози
-
Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место
-
Драма во Кавадарци: 18-годишник нападнал полицајци кои се обидувале да приведат побегнат затвореник
-
Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции
-
Австралиската полиција уби тинејџер поради напад кој укажува на тероризам
-
Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик
-
Православните верници го слават Велигден