Започна времен сообраќаен режим: Еве каде и кога не смеете да возите товарно возило
Тешките товарни возила, чија вкупна маса преминува 15 тони, од денеска до 31 август за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури, имаат забрана за сообраќање во петок од 17:00 – 22:00 часот, сабота од 09:00 – 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот
-Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот, соопштија од АМСМ.
Посочија дека ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.
Имено, за време на викендите е воспоставен времен сообраќаен режим и на магистралниот пат А2, делница: Скопје-Охрид-Скопје , кој се однесува на тешки товарни возила, чија маса надминува 7,5 тони.
Од 1 јули до 1 септември тешките товарни возила, имаат забрана за сообраќање во петок од 15:00 – 22:00 часот, сабота 07:00 – 12:00 и 18:00 – 24:00 часот и недела 07:00 – 22:00 часот, наведоа од АМСМ.
Од АМСМ истакнаа дека посебниот сообраќаен режим се воведува во текот на летото со цел избегнување на застојот во сообраќајот на патната делница кон најпосетуваното туристичко место во земјата, намалување на застоите на пунктовите за наплата на патна такса и воопшто побрз проток на возилата и непречено движење на туристите. (МИА)
Ново на Сител
-

Тема на денот со Симонида Кацарска, директорка на Институт за европска политика
-

Процесот на проширување на ЕУ ќе остане заснован на заслуги и веродостојни реформи
-

Што нуди новиот нон-пејпер за Македонија?
-

Рокас: Обврските од 2022 мора да се исполнат
-

Обвинителството со видео-докази: Полицијата пристигнала 10 минути пред пожарот во „Пулс“
-

СДСМ: Ако има докази, зошто случајот „Мазут“ е стопиран?
-

Договорци од Детската клиника си ги бараат застанатите плати зошто 5 месеци не добиле ниту денар
-

Со 40 нови камиони и 2.600 контејнери ќе се решава проблемот со ѓубрето во Скопје
