-->
-->
Започна регулацијата на речното корито на Липковска река
-->
Започна проектот за регулација на Липковска река во Куманово, вреден, 13.460.078 илјади денари, со кој се очекува да се намали ризикот од поплави во Куманово, по течението на оваа река. Проектот е резултат на соработката на Министерството за животна средина и просторно планирање, Oпштина Куманово, УНДП и амбасадата на Јапонија.

Екипите на изведувачот започнаа со работа на првата фаза, а паралелно, како што најавија од општината, тече распишувањето на тендерската постапка за втората фаза. Регулацијата на коритото на Липковка се однесува од автопатот до вливот на Липковка и Којнарка.
Министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураку изрази благодарност до амбасадата на Јапонија и на УНДП и истакна дека граѓаните веќе извесен период го очекуваат овој проект, бидејќи со него се очекува да се намали ризикот од поплави во Куманово. Дураку најави дека Министерството и понатаму ќе соработувае со УНДП за да се реализираст добри проекти за граѓаните на Куманово.
Постојаниот претставник на УНДП Луиза Винтон рече дека спречувањето на поплави е прироритетен проект за УНДП како за Куманово, така и за останатите подрачја во Македонија, бидејќи поплавите преставуваат ризик за животот на граѓаните.
-Ни претставува особено задоволство што ќе работиме тука, во спречувањето на поплавите, затоа што жртви на ваквите природни непогоди се луѓето кои не можат да си дозволат да се справат со ваквите природни непогоди. УНДП се гордее што само за неколку месеци премина од проектна идеја до реализација на овој проект, благодарение на соработката и партнерството со Министерството, Општината и донаторот Јапонија, рече Винтон.
Амбасадорката на Јапонија, Кеико Ханеда, изрази задоволство од почетокот на овој проект кој, според неа е многу значаен за подобрување на животниот стандард на населението.
Градоначалникот на општина Куманово, Дамјановски истакна дека 2,2 километри се завршени, а 1,8 се дел од овој проект. Тој нагласи дека локалната самоуправа потпишала договор и дека во тек е исплатата на средствата во вредност од 200.000 евра.
- Целиот процес, проектната документација, надзорот и тендерската постапка се води преку УНДП. Ова е еден од најголемите проекти кој се реализира во Куманово во изминатиот период и еден од виталните проекти за решавање на излевањата на Липковка од речното корито на подрачјата во „Бавчи“, „Средорек“ кои се мултиетнички населби, во кои живеат граѓани со понизок социјален статус, рече Дамјановски.
Регулацијата на речното корито се очекува да заврши до крајот на годинава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Осум повредени на протестите во Тирана, запалена општината и вратата на Министерството за животна средина
-

На протестите во Франција уапсени 135 луѓе, не се регистрирани сериозни инциденти
-

Мицкоски од Брвеница: Довербата се гради со одговорна работа и конкретни проекти
-

Ноќеска часовниците ги враќаме еден час назад - почнува зимското сметање на времето
-

Кривична пријава против две лица поради нелегален транспорт на дрва
-

Во гостиварско приведени четири лица откако биле затекнати како вршат нелегален ископ за пронаоѓање злато
-

Приведени повеќе лица за нарушување јавен рeд и мир со меѓусебна физичка пресметка, употребиле стаклен предмет
-

19-годишниот Македонец кај кого биле пронајдени фалсификувани 98.500 евра останува во притвор во Бугарија
