Запленетото оружје во Северна Митровица се поврзува со минатогодишниот напад во Бањска
Косовската полиција соопшти дека оружјето кое вчера беше запленето на две локации во Северна Митровица е пронајдено кај две лица по кои трагаат косовските власти во врска со случајот Бањска од септември минатата година, кога загинаа еден полицаец и тројца членови на српската група која го изврши нападот, јави дописникот на МИА од Приштина.
Косовската полиција претходно за медиумите потврди дека вчера попладне извршила два претреси во Северна Митровица и пронашла оружје.
Претресите се извршени на две локации, кај бараните лица Жарко Цветковиќ и Маријан Радојевиќ, беше потврдено синоќа на прес-конференција одржана во просториите на косовската полиција во Северна Митровица, на која беше изложено и запленетото оружје.
Вршителот на должноста командант на северниот регион на косовската полиција, Ветон Ељшани на прес-конференцијата прецизира дека дел од оружјето, поточно три калашникови, биле пронајдени во шахта кај месноста Три солитери. Оваа заплена тој ја поврзаа со М. Р, по кого веќе трага косовската полиција во врска со случајот Бањска.
Вториот претрес е извршен на улицата „Рударски чети“, во куќата и на уште две локации во дворот. Оваа заплена е поврзана со Цветковиќ, по кого полицијата исто така трага во врска со случајот Бањска.
Ељшани рече дека во овој случај косовската полиција соработувала со Косовската разузнавачка агенција и со граѓани.
– Добивме информации за локацијата на оружјето и извршивме претреси. Се сомневаме дека случајот е поврзан со лица кои веќе се бараат, рече Елшани.
Пронајдени се повеќе видови оружје – автоматски, ловечки пушки, пиштоли, муниција од различен калибар, експлозивни направи.
На првата локација запленети се три пушки АК-47, четири рамки со 60 патрони, 11 куршуми, една футрола за револвер и една војничка торба.
На втората – појас со 25 куршуми за ловечко оружје, 23 куршуми за ловечко оружје, пиштол ТТ со една рамка и осум куршуми, три рамки со по осум куршуми, две рамки, 28 куршуми за пушки, една кутија со куршуми 7×62, четири чистачи за пиштоли, кутија со сомнителни предмети.
Пронајдени и одземени се и: пушка со бајонет, еден пиштол со две рамки со осум куршуми 7×62 и една футрола, црна торба со опрема за чистење оружје, две кутии со 50 куршуми 7×62, три рамки со по осум куршуми, пушка.
Полицијата запленила и „метален еж“ кој се поставува како пречка за дупчење автомобилски гуми, панцир, 30 парчиња сомнителна експлозивна материја ТМ 100, една униформа, црна торба со комплет за прва помош и адаптер за радио врска
Ново на Сител
-
Лишен од слобода возач во Штип, управувал возило со 2,27 промили алкохол во крвта
-
Сиљановска-Давкова во телефонски разговор со Зеленски изразила поддршка на напорите за крај на војната
-
Од 1 јули ќе почне првото намалување на царинските тарифи за 50 отсто
-
Возач удрил 13-годишно девојче и избегал од местото на настанот
-
37-годишна жена два пати физички нападната во Скопје од својот сопруг во текот на еден ден
-
Тепачка помеѓу 6 лица во Ѓорче Петров, употребувани тврди предмети и оштетени две возила
-
Кривична за двајца полициски службеници, дозволиле да застарат 14 дела за тешки кражби
-
Мицкоски: Имаме организиран пристап и ќе продолжиме да помагаме на семејствата на настраданите во кочанската дискотека