-->
-->
Запленети 53 килограми марихуана во прилепското село Лагово
-->
Полицијата запленила 53 килограми марихуана во акција која вчера околу 13 часот се одвивала во близина на прилепското село Старо Лагово. Како што информира МВР, во акцијата е приведено едно 46 годишно лице од струшкото село Калиште. Како што информира полицијата, осомничениот на даден знак на полициските службеници не застанал со автомобилот кој го управувал и почнал да бега при што во движење од возилото исфрлил 2 патни торби во кои била марихуаната. По преземени мерки, полицајците успеале да го запрат возилото и осомничениот да го лишат од слобода. Се најавува целосно документирање на случајот по што ќе следи соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.
Александар Спасовски
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце