-->
-->
Запленети 230 килограми кокаин во Грција
-->
Грчките власти запленија над 230 килограми кокаин по операциите во регионот Атика, при што е уапсен 38-годишен маж. Грчката полиција верува дека пратката била организирана од меѓународна криминална организација специјализирана за пратки со кокаин од Латинска Америка во Европа.
Запленетата количина била наменета за дистрибуција на грчкиот пазар, пренесува грчката агенција АНА. Акцијата за откривање на локацијата на кокаинот била координирана од Одделот за наркотици во солунската полиција, Управата за спроведување на дрога на САД (ДЕА) и грчките пристанишни власти, крајбрежната стража. Кај уапснеиот маж се пронајднени пиштол, мобилен телефон и пари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп вели дека Пауел од ФЕД треба да поднесе оставка
-
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова: Илинден е сржта на македонската историја, срцето на македонската република
-
Новата сезона во Првата фудбалска лига стартува во петок со два натпревара
-
Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје
-
Претпладне сончево, попладне нестабилно со краткотраен пороен дожд
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје по повод Илинден
-
Собраниски делегации на Илинден во Пелинце, Скопје и Крушево
-
Лавров: Разговорот за украинското прашање меѓу Русија и САД дава резултати