Запишани 1.800 студенти на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“
Околу 1.800 студенти се запишани на 12-те факултети и трите академии на Универзитетот „Гоце Делчев“- Штип информираше на денешната прес-конференција проректорот Кирил Барбареев.
Тој истакна дека третиот уписен рок е се уште во тек, а на 15 септември се затвараат матичните книги за уписи на студенти на факултетите на УГД-Штип. Најатрактивни за студентите и понатаму останува Факултетите за медицински науки.
- Економскиот факултет ќе има близу 200 студенти во оава академска година, Електро-Техничкиот факултет ќе има околу 25 студенти, Земјоделскиот повеќе од 70, Ликовната академија ќе има осум студенти, што е сосема доволно за една таква академија. Машинскиот факултет ќе има повеќе од 35 кандидати, Музичката академија има 60, Правниот ќе има 70 студенти, Технолошко техничкиот факултет ќе има 40, Факултетот за информатика ќе има повеќе од 110 студенти. Факултетот за медицински науки има 500 студенти исполнети се сите квоти со исклучок на една студиска програма од стручните студии. Факултетот за образовни науки има 80 студенти, исто толкав број има и факултетот за Природно-Технички науки, потоа за Туризам и бизнис логистика има 350 студенти и Филолошкиот факултет 100 студенти, рече Барбаррев.
Првиот академски час на универзитетот „Гоце Делчев“-Штип е закажан на 18 септември, кој ќе се одржи во Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип, свое обраќање пред бруцошите ќе има и ректорот на УГД-Штип, Блажо Боев, а свои настапи ќе имаат и студентите од Музичката акдемија и нивните професори Тони Китановски и Васил Хаџи-Манов.
Ново на Сител
-
Уапсен србин кај Ѓавато, не застанал на знак на полицијата, па потоа го оставил автомобилот и пробал да побегне
-
ЦУК: 20 пожари на отворен простор, десет активни, пет ставени под контрола и пет изгаснати
-
Чешка и Словенија испраќаат помош за справување со пожарите во Северна Македонија
-
За еден ден ќе почне првичната селекција на лицата кои треба да бидат ангажирани како пожарникари
-
Трамп ѝ даде на Русија нов рок од 10-12 дена за завршување на војната во Украина
-
Скопјанецот Зоран Настевски совлада “бомбаш самоубиец“ на лет од Лутон кон Глазгов | ВИДЕО
-
71-годишен кумановец загина во сообраќајка при судар со товарно возило
-
Кривична пријава против две лица од Велешта кои му се заканувале на пратеник од Струга