Заострувањето на конфликтот околу Крим може да го забави економското закрепнување на Русија

Блумберг - Њујорк
Откако претседателот на Русија, Владимир Путин, во август ја обвини Украина за подготовка на терористичи напади на полуостровот во Црното Море, шансите западните земји да ги укинат економските санкции врз Русија се намалуваат, се посочува во анкета која ја направи Блумберг помеѓу економисти. Од анкетираните 21 експерти, 52 проценти мислат дека Европската унија ќе започне процедура за подигнување на санкциите во следните 12 месеци (во споредба со 69 проценти од претходното истражување). Само 10 проценти прогнозираат дека САД ќе започнат укинување на санцкиите (во споредба со 19 проценти од пред еден месец).
- Засилување на тензиите во Украина ќе ја подрие довербата на инвеститорите, а тоа ќе биде фактор за продолжување на санкците од страна на ЕУ и САД, и за понатамошно отсуство на странски капитали, затоа што Путин нема да биде фокусиран на економските реформи, коментира Криштоф Шиле, висок аналитичар во Информа глобал маркетс. „Тоа ќе ја ослаби рубљата и ќе ја принуди централната банка да преземе попретпазливи мерки и да го повиши тонот“.
Санкциите кои беа наложени откако Русија го анектираше Крим во 2014 година, се придадоа кон проблемите предизвикани од падот на цените на нафтата, што доведе до изнесување на капитали и нагол пад на курсот на рубљата. Сега, кога цената на нафтата достигна скоро 50 долари за барел, владата е исправена пред најголемот буџетски дефицит од 2010 година наваму, и за следната година прогнозира економски раст од под еден проценти. Централната банка минатиот месец не ја смени главната камата во висина од 10,5 проценти, откако веќе ја намали во јуни, кога се стави крај на статусквото кое трае точно една година.
Во текот на годинава, рубљата поскапе за 13 проценти во однос на доларот и застана на второ место на рејтингот на Блумберг на валути на новорастечките пазарни економии, по бразилскиот реал. Покрај се тоа, нејзиниот раст треба да ги залечи и загубите од 20 проценти од минатата година.
Затегнатоста меѓу Русија и Украина се засили минатиот месец кога Путин го обвини украинското раководство дека ги подготвило нападите во кои на Крим беа убиени двајца војници.Украина негираше дека таков инцидент воопшто имало, а истовремено и двете страни го засилија военото присуство од двете страни на границата крај полуостровот.
Германскиот канцелар Ангела Меркел рече дека не е можно санкциите укинати сега затоа што Русија не покажала напредок во зачувувањето на примирјето кое беше склучено во 2015 година, чија цел беше прекин на огнот меѓу руските сепаратисти и украинската војска во најисточните делови од земјата.
Ескалацијата на конфликтот на Крим ќе влијае на довербата на инвеститорите, посочуваат 76 отсто од анкетираните економисти. Таа ќе го засили истекувањето на капитали, сметаат 62 проценти од анкетираните набљудувачи.
- При продолжување на рокот за санкциите од ЕУ до почетокот на 2017 година, и имајќи ги во предвид непријателските искажаните зборови од германскиот канцелар Ангела Меркел, гледајќи кон хоризонтот на идната година, шансите санкциите да бидат симнати е мал, посочува Андреас Швабе, економист од Рајфајзен банк интернешенел АГ, во Виена. „Покрај тоа, за да се дојде до било какво симнување на санкциите воведени од Западот кон Русија, Москва треба да покаже извесна флексибилност, а таква во моментов не гледаме“.
- Укинувањето на санкциите ќе има позитивно влијание врз руската економија, а позитивниот ефект ќе зависи од целите на какви било дејствија на ЕУ и САД, коментира Сергеј Наркевич, аналитичар од московската Промсвјазбанк. „Ако тоа се случи како резултат на олабавување на воената затегнатост и општото подобрување на односите меѓу Русија и западните земји, и нејзиниот ефект ќе биде значителен. Но ако е тоа некоординирана акција само на една европска земја, неговото влијание ќе биде многу послабо“, рече тој.
Ново на Сител
-

Дугин: Почна трета светска војна, следна е Русија
-

Руте: Останете безбедни и чувајте нè безбедни
-

Израел повикува на прекинување на сите врски со Иран
-

Руте пречекан со транспарент „НАТО убива“ од пратениците на Левица
-

Стружани денеска од цистерна полнат чиста вода, матноста на водата од градскиот водовод втор ден во граници на нормала
-

Поранешната директорка на Онкологија Клисаровска сведочеше за недостигот од конзилиум и колективни одлуки за терапии во „Онкологија 2“
-

Руте: НАТО не е вклучен во последните случувања на Блискиот Исток, но ќе го одбрани секој дел од својата територија
-

„Безбеден град“ - превентивен механизам за намалување на сообраќајните прекршоци, смета стручната јавност
