Бијонсе и Тејлор Свифт двигатели на растот на американската економија
Американската стопанственичка Тина Ноулс ги прославува две од можеби најактуелните музички турнеи за 2023 година – „Renaissance Tour“ на ќерка ѝ Бијонсе и „Eras Tour“ на Тејлор Свифт. Според претприеменичката, токму овие два потфати во голема мера го придвижуваат растот на американското стопанство.
На Инстаграм, Ноулс прво сподели слика од Фејсбук-објава со напис од „Њујорк тајмс“, поврзана со подробна анализа на економското и културното влијание на турнејата на нејзината ќерка Бијонсе.
„Ова е толку прекрасно! Да можеш да ја стимулираш економијата не е мал подвиг! @beyonce”, напиша мајка ѝ, пофалувајќи ја и другата поп-пејачка во својот став. – „И @taylorswift ! Самото тоа што се млади жени и се во можност да го доживеат ова, е толку прекрасно!!! Горда сум на двете!“
Турнејата „Ренесанса“ на Бијонсе почна на 10 мај во Шведска и ќе заврши на 1 октомври во Канзас Сити, САД. Пред почетокот, „Форбс“ проценуваше дека Бијонсе ќе заработи речиси 2,1 милијарда долари од овие концерти вкупно.
За време на турнејата, Бијонсе пренасочи два милиони долари за студентите и малите бизниси преку нејзината добротворна фондација „Бијгуд“ (BeyGOOD).
Турнејата „Ерас“ на првично требаше да трае од 17 март до 9 август. Но, Тејлор Свифт додаде дополнителни датуми, па сега има закажани настапи и за 2024 година, и во САД и ширум светот. Така, оваа турнејата има уште 13 месеци до крајот, а се проценува дека пејачката досега заработила милијарда долари од влезници, при што „Полстар“ проценува дека тие приходи до Нова Година ќе надминат 1,4 милијарди долари.
Ново на Сител
-
Околу 9.000 вработени во „Мајкрософт“ ќе добијат отказ
-
Со сателетски снимки ги лоциравме дивите депонии во државата | Мартина и Mирко | Sitel Podcast 101
-
Пожарот во Валандовско не е ставен под контрола, се шири во два крака
-
Нетанјаху повика на целосно елиминирање на Хамас, организацијата разгледува предлог за примирје
-
Киев тврди дека руската армија егзекутирала 268 украински воени заробеници
-
Шумски пожар на вториот крак на Халкидики
-
Расправата за ребалансот продолжува утре
-
Кривична за проневера во службата и фалсификување или уништување деловни книги